Повеќе илјади луѓе учествуваа на маршот што под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, се одржа денеска во Скопје во организација на граѓански здруженија и коалицијата на опозициските партии предводени од СДСМ, како и од невладини организации и ткн „Шарена револуција“, јавува „Макфакс“.

Протесниот марш со учество на граѓани од повеќе градови во земјава и од Скопје започна околу 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), вообичаена почетна точка на протестите од пролетва и летото, и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до центарот на Скопје, односно пред Собранието. 

Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот, и оти затоа е одбран денешниот празник 11- ти Октомври, ден на почетокот на народноослбодителната борба во Втората светска војна, симболично како предвесник на промените за подобра иднина.

„Борбата на нашата генерација е да ги вратиме вистинските вредности во општеството”. Актерката и граѓански проопозицски активнист Ирена Ристиќ го прочита манифестот од овој протест и ги повика „сите граѓани, пензионери, борци, студенти, ученици… да се придружат во борбата за слобода и просперитет во борбата за светла иднина“. 

„Една е битката за Македонија, се менуваат само генерациите. Доста е! Да ги победиме сите предавници и деспоти! Сите на суд за една нова слободна и народна Македонија. Напред во победа, да се живи сите сојузници на слободата, да живее братството и единството на сите што живеат во оваа Македонија. Смрт на фашизмот, борбата продолжува, гласот победува“, порача Ристиќ. 

Маршот го гопредводеше лидерот на најгоелмата опозицска партија СДСМ, Зоран Заев, придружуван од потесното раководство и Зоран Верушевски поранешен прв разузнувач, обвинет во случајот „Пуч“. 

Обраќајки се пред присутните лидерот на СДСМ рече дека маршот претставува „глас кој најавува враќање на слободата, демократијата, правдата и враќање на државата во рацете на граѓаните“. 

„Ние граѓаните склучивме сојуз, поединци, групи, граѓански здруженија, шарени, леви партии, Македонци, Албанци, Турци, Срби. Роми, Бошњаци, ние граѓаните на Македонија го кренавме нашиот глас. Се излеавме илјадници, на денот на народното востание, на денот на народната борба, марширавме во чест на скопскиот, прилепскиот, битолскиот, кичевскиот партизански одред. Нашето оружје е нашиот глас. Се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост. Дојде време да ѝ дадеме ветување на Република Македонија“, рече Заев.

Заев истакна дека денешниот марш е за да се „врати државата во рацете на граѓаните“.

„Ја одземаме (државата) од фамилијата на Никола Груевски, марширавме за враќање на парите кои ги украдоа. Ќе ги вратиме до денар, сé што украдоа. Денеска марширавме за достоинствени плати од кои ќе се живее, а не ќе се преживува, за задоволни работници и силни претпријатија. Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има сé да вратат“, порача лидерот на најголемата опозицска партија.

Заев истакна дека по вонредните парламентарни избори на 11-ти декември, државниот Буџет ќе се полни од парите на граѓаните кои биле украдени и однесени во ткн даночни оази. 

„Марширавме за деца да не просат по улици, семејства да не гладуваат, да не плачат по автобуските станици, за покрив над секоја гласа, за здравство кое лечи а нé убива, за државен систем кој помага а нé повредува. И 11-ти октомври 2016 ќе биде врежан со црвено, зошто и генерациите како и тие од 1944-та со својата одлучност, храброст и решителност се кренаа во одбрана ан идеалите, вистина и правдата, во одбрана на нашето достоинство и на нашите деца“, рее Заев и ги повика граѓаните да се приклучат на ова „испишување на историјата, рушење на режим и враќање на слободата“.

OhridNews
извор: „Макфакс“