Повеќе лица повикани се на разговор во врска со инцидентите кои се случија во Струга и струшко, информира министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која потенцира дека од објективни и разбирливи причини нема да зборува за нивниот идентитет, ниту за каква било околност под која лицата се повикани.

Таа изјави дека кога полицијата ќе располага со солидни докази , за тоа навремено ќе биде запознаена и јавноста.

Јанкулоска апелираше за дополнително трпение за да можат институциите случајот со инцидентите кои се случија да ги расчистат до крај. При тоа таа уште еднаш повика на смирување на тензиите.