Вкупно 3348 даночни обврзници успешно ја имаат заокружено регистрацијата на 7033 фискални системи на опрема со GPRS уред, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.
 
До 31-ви овој месец, обврска за воведување на фискален апарат со GPRS уред имаат даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 000 000 денари, како и обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи).
 
За невоведување на фискален апарат со GPRS уред, законот предвидува времена мерка забрана за вршење на дејност, како и парични глоби за одговорното лице и правното лице.

Инаку, рокот за сите други даночни обврзници е до 31-ви јануари 2015 година.

OhridNews