По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври), а под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани.

Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.

Гладта е најекстремна форма на сиромаштија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна. Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луѓе ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад. Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Според податоците од Центарот за социјална работа повеќе од 500 семејства се социјално загрозени и се на работ на егзистенција.

-Сето ова е причина повеќе, барем повремено да помислиме и да направиме нешто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица. Затоа, Ако Вашето срце е отворено и сочувствувате со болката на луѓето околу Вас, ПОМОГНЕТЕ, вклучете се во кацијата на Црвениот крст.-апелираат од Црвениот крст.

OhridNews