
Статистичките показатели, укажуваат дека состојбите на овој план во споредба со 2012 година, се значително влошени, односно бележиме зголемување на овој вид кривични дела од 63%. При реализацијата на овие кривични дела е покажана особено висока ефикасност, која изнесува 96,4%, а останале нерасветлени само три кривични дела, од кои „задоволување полови страсти пред друг“, „обљуба со злоупотреба на положбата“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“. – истакнуваат од МВР.
Според видот, најзастапено е кривичното дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Според времето на извршување, најчесто злоупотребите се вршеле во текот на денот, но за дел од случаите не може со сигурност да се утврди точниот временски период на извршување на делата или пак се одвивале континуирано. Во тие случаи жртвите биле изложени на сексуално насилство подолг временски период, а регистрирани се осум такви случаи годинава или еден помалку во споредба со минатата година. Забележана е појава, која од година на година, станува сé поочигледна, а тоа е што сторителите на овие деликти, се почесто напаѓаат деца од нивното најблиско опкружување, односно претходно се познаваат со жртвите. Овие познанства им помагаат да се зближат со нападнатите, искористувајќи ја нивната доверба. Така, сé почесто се случува напаѓачите да се роднини, пријатели, соседи, познаници на жртвите. Годинава, сторителите се татковци, очув, дедо, професор, други роднини, соседи, љубовници, познаници, а во многу мал број случаи сторителите не ги познавале жртвите претходно.
Според извршените анализи профилот на сторител на сексуални злоупотреби би изгледал вака: Маж на возраст од 20 до 30 години, со неоформено образование, без квалификации, невработен е припаѓа на ниските социјални слоеви. Тој најчесто напаѓа девојчиња, најчесто од социјално загрозени семејства, претходно ја познава жртвата, односно е дел од неговото социјално опкружување.
OhridNews












