Како што најавуваат од ЕВН Македонија, денеска, 18-ти март, ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе охридски населби и села.
Во периодот од 06:00 до 08:00 часот, без струја ќе останат улиците „Прилепска“, „Радојца Новичиќ“, „Кузман Капидан“, „Илинденска“ , „Кочо Рацин“, „Боро Шаин“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“, „Кирил и Методиј“, „Сатеска“, „Железничка“, „Винковача“, „Гоце Делчев“, „Вардар“ , Стив Наумов“ и „Васил Стефоски“, селата Вапила, Ливоишта, Орман, Долно и Горно Лакочереј, бензиската пумпа во населбата „Чекоштина“, Краварник, винарската визба, работилница „Водовод“ и фабриката „Слобода“.
OhridNews