Времето денеска ќе биде облачно, со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 6 степени Целзиусови информира УХМР Македонија.
Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.
OhridNews












