Од МЈП Проаква- Водовод Охрид информираат дека утре, четврток, ќе се врши интервенција на главната водоводна линија, на потегот од Пумпна станица Метропол до главниот резервоар Биљјанини извори.

Поради тоа, во периодот од 2 часот по полноќ до 14 часот, ќе има прекин во снабдувањето со вода во населбите : Рача, Св.Стефан, населба Исток, Коњско, Елешец, Лагадин и Пештани .

Водоснабдувањето во градот Охрид ќе биде со намален притисок,особено во високите зони на градот и зградите.