Поголемиот број летови кои во моментов се реализираат на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се чартер и Охрид директно го поврзуваат со Тел Авив, Амстердам, Москва, Цирих, Дизелдорф, Виена и Белград.
Редовна сезонска линија е воспоставена единствено од страна на српската национална авиокомпанија ЈАТ која неделно реализира два лета, а во тек се преговори за зголемување на нивниот број на 4 летови неделно.
Во тек се преговори за воспоставување авио- линии од сезонски карактер, на релација Охрид- Љубљана, Охрид- Загреб, Охрид- Амстердам и поврзување со Израел.











