Повеќето охридски фирми се на работ на егзистенција
09.06.10 07:31
Охридски фирми едвај опстојуваат и речиси се на работ на егзистенција. Најголемиот проблем со кој се соочуваат сопствениците на компаниите е што не можат да си ги наплатат своите побарувања. “Особено од октомври минатата година состојбата е навистина тешка. Криза е и никако не можеме да ги реализираме своите побарувања”, вели стопанственик од Охрид и додава: “ Поради тоа се зголемува и внатрешниот долг на фирмата. Ако јас не можам да наплатам, тогаш секако немам средства за нови набавки, немам пари да ги платам своите обврски кон добавувачите и се се врти во круг. Состојбата е навистина тешка и се надевам дека што поскоро ќе се средат работите. Ако вака продолжи до крајот на оваа година, ќе бидам принуден да ја затворам фирмата”.
За тешката состојба во која се наоѓа охридското стопанство, потврда е и фактот што изостанува интересот за сериозни капитални инвестиции. Најголемиот број фирми во Охрид се заинтересирани за краткорочно кредитирање, односно за обезбедување ликвидни средства.
“Најголем интерес постои за краткорочно кредитирање, чии средства се наменети за одржување на тековна ликвидност, подмирување на краткорочни обврски кон добавувачите и за набавка репроматеријали и плаќање кон странство. Тоа е преку 80% од потребите. Потребата за инвестиции и сериозни проекти е многу малa”, вели Вецко Симјаноски од Сосиете Женерал- Охридска банка.
Слична е состојбата и со фирмите во останатите градови низ земјава.
Според најновите економски податоци, најголем дел од компаниите бележат загуби или големи падови на профитите.
Утре ќе има неколкучасовен прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија на улицата „Воденич...
Глобалните случувања ќе влијаат врз компаниите што се во земјава, но и врз нивните одлуки каде и како да ги пласираат своите производи, оцени претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор...
Несовесноста и самоволието се најголемиот проблем со кој се соочуваме како заедница, реагира Антонио Додевски од Планинската спасителна служба Охрид и АК „Патагонија“ по последните случување во НП ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.