Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денескаќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија.

Признанието „Повелба на Република Македонија“ на Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија се доделува по повод 70 години од основањето како професионална и научно – стручна организација, а особено за постигнатите резултати во стимулирањето и координирањето на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини во Република Македонија. 

OhridNews