Повелба за соработка, денес, потпишаа и основното училиште „Христо Узунов“  и Втората Основна школа од Будва. Како што истакнааа директорите на двете образовни установи, Тони Симоноски и Зорица Станковиќ, со збратимувањето се отвораат можности за долгорочна соработка, развивање и зацврстување на меѓусебните односи,како и  унапредување на образовно воспитната работа и соработка во областите што се од заеднички интерес.

Новите текови бараат збратимување помеѓу училиштата со цел изработка на заеднички проекти, при што се отвораат можности за настап пред меѓународните фондови. Збратимувањата, пред се се прават во корист на учениците, бидејќи во наредниот период предвидуваме размена на ученици и искуства во наставните програми“, рече Симоноски.

Директорката на училиштето од Будва, Зорица Станковиќ, потенцира дека нивното училиште функционира пет години, и дека станува збор за современо училиште кое применува современи техники при изведувањето на наставата.Станковиќ додаде дека се надева дека соработката со „Христо Узунов“ во иднина ќе се интензивира и дека ќе се реализира идејата за размена на ученици.

OhridNews