СДСМ денес упати отворен повик за кандидатура за Претседател на партијата. Како потребни критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните се да бидат истакнати членови на СДСМ кои во досегашниот партиски ангажман имаат дадено значителен придонес за јакнењето и афирмацијата на СДСМ; кандидатот да биде личност со висок општествен углед, способен за звршување на функцијата, организирање и раководење на партијата и успешно остварување на програмата на СДСМ; да ја ужива довербата на членството и симпатизерите на СДСМ и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ.
СДСМ упати отворен повик и за самокандидирање на кандидати за членови на Централен и Надзорен одбор.
Заинтересираните кандидати своите кандидатури треба да ги достават најдоцна до 13 Мај 2017.
OhridNews