Општина Охрид објави јвен повик за поднесување барања за добивање субвенции на дел од уплатената туристичка такса за привремен престој на домашни и странски туристи, од физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид.

Барањето и постапката за субвенционирање на туристичката такса може да се преземат на општинската интернет страна. Tреба да се поднесат најдоцна 31.07.2017.

Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање. Висината на Субвенцијата ќе изнесува 50% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06.2017 год.

OhridNews