Од локалната самоуправа упатуваат јавен повик до граѓаните кои сметаат дека поплавите кои го зафатија подрачјето на општината на 4-ти февруари, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти (станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори), истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши почнувајќи од денес, вторник, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е  Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.

Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето.

OhridNews