Не стивнуваат реакциите во јавноста по објавениот статус на актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил во кој повикува на војна. Телевизија Телма објави став на актерот кој се правда  дека повикот за војна бил пол погрешно сфатен и е заблуда, а експлозивот за кој се интересираше каде може да го набави му требал за нива. Колегите актери го осудија ваквиот јавен настап на Јовановски.

„ЌЕ ИМА ВОЈНА.НОВА ВОЈНА ЌЕ ИМА. ЦРПКООО НИКОЈ НЕ САКА ВО ТВОЈАТА КОЖА ДА БИДЕ“ –со овие зборови актерот Владо Јовановски го завршува својот пост на Фејсбук во кој го обвинува Заев дека е Фауст од Муртино кој своерачно потпишал со крвта на загинатите бранители. 

-Како свесно битие по изјава на конгресмен за поделба на Македонија што е помогнато и од наши граѓани се јавува стравување кај мене и кај Македонците дека мора да се одговори ако некој сака да ја дели државата. А поделбата не може да дојде без војна“- објаснува за Телма Јовановски кој вели дека Заев не треба да се плаши оти тој лидерот на СДСМ не е херој во оваа фарса за Македонија. 

Веднаш по првиот пост, актерот Јовановски преку Фејсбук се распрашуваше: „КОЛКУ ЧИНИ ПЛАСТИЧЕН ЕКСПЛОЗИВ НА ЦРНИОТ ПАЗАР“.Пластичниот експлозив го оправдува со градежни активности на својата нива. Беше сериозен како да верува во следнава негова приказна. 

-Имам карпа на моја нива оставена од дедо ми, сакам со експлозив да ја урнам и нивата да ја прогласам за своја држава како што е Сан Марино среде Италија. Потоа за влез во мојата држава од секој политичар како другарот Заев ќе барам тапија, документ од психијатар дека е здрав“- ја релативизира својата објава за набавка на експлозив. 

Актерот Сашо Тасевски по фејсбук му одговори дека експлозивот чини многу помалку од лекувањето на Тамара, од смртта на Нешковски, дека е поефтин и од сите млади кои си заминале.

Колегите и најголемиот дел од јавноста го оценија мислењето на Јовановски како повик за војна.

-Ние актерите сме еуфорични кога настапуваме во јавноста, тоа можеби е првата причина за ова на Владо. Втората можност е тој да е изманипулиран, злоупотребен од тој центар за комуникација што јас го нарекувам центар за манипулации лаги. Би сакал да не е ова второто причина за неговиот став, изјави Марин Бабиќ за Телма.

Досега во Македонија никогаш јавна личност не одговарала за свои ставови со говор на омраза и повици за насилство, во Америка например Мел Гипсон беше исфрлен од Холивуд со години за своите антисемитски изјави кажани во семејна расправија, пренесува Телма.

OhridNews
извор: „Телма“