Од 1 јули најверојатно граѓаните ќе плаќаат поскапа струја. Rегулирани компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и „ЕВН Македонија“, веќе поднеле пресметки за трошоците во работењето до Регулаторна комисија за енергетика, објавиј анеколку национални медимуми. Регулаторната комисија, како и секоја година, треба до крајот на јуни да ги разгледа и врз основа на тоа да ја соопшти новата цена на киловат-час струја за крајните корисници.
Бидејќи сите енергетски компании покажале зголемени трошоци, многу веројатно е дека цената ќе порасне. Неофицијално, од сите три компании, ЕЛЕМ, како производител, доставил најголеми трошоци до Регулаторната комисија, што секако ќе повлече и повисоки цени за услугата за пренос на МЕПСО, како и на струјата што ЕВН ја дистрибуира до крајните потрошувачи. Во моментот, од цената на киловат/час струја што ја плаќаат граѓаните, 50 отсто оди за ЕЛЕМ, 6 отсто е за МЕПСО, а 44 отсто на сметката на ЕВН.
Најверојатно либерализацијата ќе им донесе помали сметки само на компаниите. Се калкулира дека е можно нивните сметки да се намалат за околу 30 до 40 отсто. Според надлежните, домаќинствата досега имаа поевтина струја, благодарение на тоа што фирмите плаќаа двојно поскапа, индустриска цена. Токму затоа ним либерализацијата ќе им донесе повеќе бенефит.
Според Владата, со цел да се спречи драстичното поскапување на струјата за граѓаните, се одложи претходно дадениот рок за либерализација од Енергетската заедница, 1 јануари оваа година. Поточно, се одлучи таа да започне шест месеци подоцна и да тече во етапи, до јули 2018 година. Тоа ќе значело постепено отворање на пазарот за да нема шокови за населението, како што имаше случаи во некои земји.
OhridNews