Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.2% на месечно ниво и за 13.3% на годишно ниво.

Во април 2011, во споредба со март 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 3.1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.5% и Капитални производи за 0.1%. Во април 2011, во споредба со април 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 20.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 9.9%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 3.6% и Капитални производи за 2.2%.

OhridNews