Предлог законот кој се однесува на прислушуваните материјали вечерва, околу 20 часот е повлечен, јави телевизија „Телма“. Како што пренесува истиот извор, тоа, по завршувањето на собраниската седница во собраниските служби го сториле поднесувачите на овој закон, пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери и Крсто Мукоски. Одлуката за повлекувањето на законот е донесена откако Џафери, конечно дал согласност во интерес на продолжувањето на преговорите за изборната регулатива, кои синоќа беа блокирани токму поради овој спорен закон поради кои на нозе се дигаа новинарите и дел од јавноста. Веста вечерва лично ја соопшти олеснувачот во преговорите Питер Ванхауте, тој ја поздрави ваквата одлука на ДУИ и ја оцени како преземање на одговорност.

Јас сакам да ве информирам дека Талат Џафери го повлече законот од парламентот. Овој закон сега оди во парламентот, односно кај работните групи, се извинувам. Каде ќе разговарамеќе дадеме нови предлози заедно со законот за „свиркачите“. Текст ќе биде доставен во парламентот пред 20 октомври, изјави Питер Ванхауте, олеснувач во преговорите. 

Собраниските служби официјално известија дека Џафери и Мукоски потпишале повлекување на предог законот. Како и што рече Ванхауте, за законска регулатива која ќе се однесува на прислушуваните материјали ќе се расправа во периодот до 20 октомври заедно со предлог закон со кој ќе се пружи заштита за таканаречените дојавувачи на информации и прислушувани разговори, но во интерес на државата и правдата.За преговорите за изборната регулатива рече дека се доближуваат ставовите, но не откри детали.

Согласно Изборниот законик ние сме блиску до последните поглавја има уште неколку теми, но нема да ви откријам се надевам дека во следните неколку часа ќе се надминат и последните разлики за овие прашања. По што ќе ни треба најмалку уште еден ден за техничките измени по што законот ќе може да оди во собрание, изјави Питер Ванхауте, олеснувач во преговорите.

Од тоа што може да се дознае од партиски извори, извесно е дека дијаспората нема да избира свои претставници на изборите во април, пренесува „Телма“.

Инаку вечерва во Скопје се одржа протест пред Собранието против предлог законот за мораториум на опозициските бомби. Организаторите – граѓанската платформа „АЈДЕ“ побара негово целосно повлекување.

OhridNews
извор:„Телма“

ЗНМ: Силна осуда за обидот за воведување на цензура