Само што започна, заврши продолжението на 28-та седница на советот на општина Охрид на која беше предвидено да биде презентирана информација околу состојбата и начинот на користење на плажите на територија на општина Охрид. Градоначалникот Константин Георгиески ги повлече од дневен ред двете точки, меѓу кои и предлог- одлуката за давање согласност на Одлуката за усвојување на изменет годишен план за вработување во ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид за 2019 година.
Во однос на плажите има новонастанати ситуации, така да на следната наредна седница која ќе биде за десетина дена ќе ви доставам писмена информација во однос на состојбата со плажите, рече градоначалникот.
Во тек е 31-та седница на советот на која се разгледуваат годишните програми за работа на основните и средни училишта, градинката, како и извештаите за работа.












