Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од стаорци, соопшти производителот на леб „Паско Шикишима“.

Сакаме длабоко да се извиниме што предизвикавме непријатности на нашите муштерии и клиенти, се вели во соопштението на компанијата.
Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.
OhridNews
фото. МИА











