Кошаркарската репрезентација на Македонија претпре пораз од европскиот вицешампион Србија со 73-81 во вториот меч од Адеко куп Екс Ју турнирот кој се игра во Љубљана.


Соколов со 18 поени беше најпрецизниот во македонскиот национален тим, дабл-дабл учинок имаше Антиќ 14 поени и 10 скока, додека двоцифрен мечот го заврши Војдан Стојановски кој уфрли 13
поени.

Денес Македонија е слободна, а во вторник во 15 часот ќе игра во дуелот за петто место против Црна Гора.

Селекторот Марин Докузовски и на средбата со Србите не можеше да смета на Лестер Бо Мекејлеб на кого клубот Монтепаски Сиена не му дозволува да игра без платено осигурување.

Ohridnews