Несреќен “камбек“ во националниот тим имаше Дарко Тасевски, кој по година и пол доби можност да заигра на зелениот терен во “црвено-жолтиот“ дрес.

Тасевски на загревањето го истегна мускулот на левата нога, па непочнат заврши мечот за македонскиот “везиста“. –  Не знам што се случува, во последните пет шест месеци кога и да дојдам да играм за репрезентацијата се повредувам. Штета и за мене , и за моите соиграчи , верувам дека можев да помогнам. Се случи тоа што се случи но очекувам со добрите настапи во Левски, повторно да добијам повик во селекцијата – рече разочараниот Тасески, кој допрва треба да ја дознае тежината на неговата повреда.

Мечот во Корча ќе остане запаметен по тоа што дебитраа четворица фудбалери, меѓу стартерите се најдоа напаѓачите Христијан Кировски и Бајрам Фетаи, во вториот дел шанса добија дефанзивцето Агрон Мемеди и голманот Мартин Богатинов.  

Комплетната македонска фудбалска влада на чело со претседателот Хари Хаџи Ристески беше присутна на “инагурацијата“ на стадниот “Скендер-бег“ во Корча. Кај македонската новинарска експедиција видно беше разчарувањето по одиграниот втор дел, а нивните констатации ги потврди и првиот човек до македонскиот фудбал.


– Дебитантите задоволија, не можам да бидам задоволен од играта во вториот дел, кога  фудбалерите наместо да внесат свежина, се загубија на теренот. Сметам дека некои фудбалери го трошат кредитот, но тука е селекторот кој го има последниот збор – рече Хаџи-Ристески.

Солидно деби во дресот со националниот грб имаше Бајрам Фетаи, кој од втор план беше констатна закана за голот на Албанија. Снажниот Фетаи на неколку пати се проби како шило, одигра добро позционо во фазата на одбрана, но евидентно беше “непозавањето“ со своите соиграчи. Во третата минута од мечот имаше старт над него во домашниот казнет простор по кој свирката на главниот судија остана нема.


Задоволен сум од прикажаното, сметам дека на стартот од мечот имаше пенал врз мене, но то е фудбалот. Очекувам повторно да се најдам на списокот на репрезентацијата  – рече Фетаи кој остави силен впечаток на мечот во Корча.

Селекторот Мирсад Јонуз е задоволен од дебитантите , сликата вели ќе биде појасна по прегледот на касетата од мечот и индивудалните анализи, а засклучот ќе го донесе откако ќе ги провери и новинарските критики.

-Ние уште на стартот имавме хендикеп, и моравме да правиме принундна измена, доби шанса Глигоров кој солидно ја искористи својата шанса, Сакавме да ја испробаме комуникацијата со Ѓуровски, Тасесеки и Шумуликоски,но по повредата отпаднаа таа комбинација. Во одреден период без Тасески тоа функционираше ммногу добро, но потоа кај Ѓуровски се осети падот на играта, а во тој момент покрај повредата на Тасесеки моравме да правиме други комбинации , па така Мемеди кој е лев бочен играч , мораше да пополни во средината. Во шпицот на нападот сакавме да испорабме една интересна тројка со Тричкоски , Кировски и Фетаи , и покрај тоа што не се познаваат добро одиграа. Cпоред моето мислење добивме еден напаѓач, кој заедно покрај постојните напаѓачи Пандев, Тричкоски, Наумоски и Ристиќ е играч кој може да игра на различни позiции – рече Јонуз кој потенцираше дека немало проблем да се разберат бидејќи обајцата зборуваат со јазикот на фудбалот.


Јонуз спрема тактика и со повредени и со увредени фудбалери, ги “сонува“ Игњовски и Касами.

-Интенцијата ни беше да испрoбаме што повеќе фудбалери, да им дадме шанса и да видиме со што располагаме. Од прикажанот може слободно да кажам дека овие момци се светла перспектива на македонскиот фудбал. Добивме неколку нови играчи, вистинска храброрст и ризик беше да се им даде шанса на овие млади играчи во еден ваков амбиент. Ние мора да мислиме напред, ќе дојде момент кога ќе се соочиме со суспензии, потоа повредени и увредени фудбалери – потенцираше селекторот кој напомена дека вратите за нови дебитанти се се` уште отворени,  а ги сонува “германецот“ Игњовски и “швајцарецот“ Пајтим Касами .

Јосип Куже: Задволен сум од “нулата“

– Македонија има исклучително добра репрезентација, јас моите играчи ги советував дека се работи за една технички добро поткована селекција,  која знае да игра фудбал. Иако игравте со доста подмладен состав, без неколку стаднардни првотимци, една одлично технички дотерана  и подвижна игра и поради тоа задоволен сум што нашата подмладена екипа успешно им паририаше  и остана непоразена – истакна селекторот на Албанија.

Од Корча, Албанија
М.Постоловски
фото Емилио