Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе паузира одредено време од тениските терени, откако повредата на абдоминалниот мускул му се влошила. Пукнатината од 17 милиметри се зголемила на 25 милиметри и Ѓоковиќ ќе мора да паузира. Рекетот број еден се повреди на дуелот со Тејлор Фриџ во третата рунда од Австралија Опен. Србинот стегна заби и повреден успеа да триумфираше на асвтралискиот грен слем турнир, победувајќи го Данил Медведев со 3-0 во сетови.

Одма извршив преглед кој покажа дека штетата е поголема од почетната повреда. Пукнатината е поголема. Не е ништо страшно, судејќи по советите од докторите, кои рекоа да одморам додека комплетно не заздрави. – изјави Ѓоковиќ.

Деветкратниот шампион на Австралија Опен рече дека му сметаат критиките, кои беа упатени на негова сметка за лажирање на повреда, но додаде дека во исто време се помирил со фактот дека не може секој да го сака почитува, со оглед на големото ривалство во тенисот.

OhridNews