Повредата на глуждот Перо Антиќ од терените ќе го оддалачи уште десеттина дена, а со тоа ќе го пропушти собирот на ѕвездите во НБА, кој ќе се одржи во Њу Орлеанс.
Македонскиот амбасадор во НБА лигата беше селектиран за настап на „Ол старот“ и тоа во „рајсинг старс челинџ“ од кошаркари со една или две сезони во најсилната кошаркарска лига.
Антиќ повредата на глуждот ја заработи на дуелот со Бруклин Нетс, кој се одигра во Лондон, а од тогаш корпулетниот кошаркар одигра уште два меча со кои дополнително ја влоши повредата.
Иако нема да бидел од играчкиот ростер сепак Антиќ ќе биде дел од тимот на Грент Хил и „Ол старот“ ќе го проследи од клупата или трибините.
Дебитанската сезона екс репрезентативецот на Македонија во НБА лигата има настапено на 29 натпревари со просек од 5,6 поени и 3,4 скока.
Мх.П.