Атлетико Мадрид се доближи чекор поблиску до титулата победувајќи го Гетафе со 2-0 во 33-та рунда во Ла Лига. Триуфмот и освојувањето на трите бодови oстанаа во сенка на повредата на Диего Коста, кој ја заработи при постигнувањето на вториот погодок за тимот. Тој по лизгачкиот старт се заби во стативата и беспомошно лежеше на тревата. Колку е сериозноста на повреда ќе покажат дополнителните анализи, а неговото отсуство ќе биде голем пех за Атлетико Мадрид.
Резултати : Бетис – Севилја 0-2, Валенсија – Елче 2-1, Гатефе – Атлетико Мадрид 0-2, Атлетик Билбао – Малага.
Табела : Атлетико Мадрид 82, Реал Мадрид 79, Барселона 78…
Мх.П.