Тимот на Реал Мадрид претрпе голем удар откако на мечот Германија – Италија посериозна повреда заработи фудбалерот за врска Сами Кедира.

Кедира со повредата се здоби по еден дуел со италијанскиот репрезентативец Андреа Пирло, во 69-та минута,  настрада коленото на германскиот фудбалер по што веднаш беше заменет.

Германскиот интернационалец го очекува пауза најмалку шест месеци, а дополнителните снимки ќе покажат дали Кедира ќе мора да оди на операција.

Мх.П.