Играч на „Металург“ вчера заврши во болница, а група од педесетина навивачи ја каменуваа управната зграда на фудбалскиот клуб „Шкендија“ ги навредувале играчите на овој фудбалски клуб.


Првиот инцидент се случил вчера по завршувањето на фудбалскиот натпревар „Напредок“ – „Металург“. Пред соблекувалните започнале да се караат домашните и гостинските играчи. Фудбалерот  на „Металург“ Игор Кралевски завршил со повреди во пределот на десната слепоочница и грбот и бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Вториот инцидент се случил по завршувањето на натпреварот „Тетекс“ од Тетово и „Тиквеш“ од Кавадарци.


Педесетина „Војводи“, навивачката група на „Тетекс“ се собрале пред зградата и почнале со навреди за играчите на „Шкендија“. Фрлале и камења кон играчите и управната зграда и скршиле два прозорци и оштетиле пет автомобили.

СВР Тетово и полициската станица во Кичево работат на расветлување на инцидентит

“извор Макфакс“
Ohridnews