Како што информира министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 19.45 до 21.45 часот во Струга на ул.„ Елпида Караманли“, во домот на К.Д.(1963), од странана непознат сторител извршена е тешка кражба , при што се одземени 10.000 евра, околу 1.000 УСА долари и златен накит, со што е причинета материјална штета од околу 11.500 евра. Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што насилно го отворил прозорецот од спалната соба на првиот кат од куќата, влегол внатре и извршил пребарување, по што влегол во дневната соба каде од фиока на комодата ги одзел наведените предмети, по што ја напуштил куќата. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица-Струга. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вчера, во вечерните часови, околу 23.30 часот во струшкото село Ложани, во близина на црквата Св. Преполовение, И.П.(1983) од истото село со воздушна пушка „Хатсон мод 55с“, кал.4.5 мм испукал еднаш со цел да погоди куче, но проектилот го погодил малолетникот М.Т (1998) од истото село, во пределот на скочниот зглоб на десната нога. На истиот му е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар -Струга и е пуштен на домашно лекување. Струшката Полициска станица превзема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews