Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 16.10 часот на крстосницата помеѓу бул. „Туристичка“ и „ул. „Стив Наумов“.

Како што изјави очевидец, патничко возило „Опел“ се судрило со моторцикл. Во незгодата повреден бил возачот на моторциклот, кој бил пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“, истакна очевидецот кој ја направил оваа фотографија непосредно по немилиот настан.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата.

OhridNews