На 19.08.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Сретково, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката 52-годишнаа и сопатникот 25-годишен, двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една 18-годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Општата болница Гостивар, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

OhridNews