Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пешачка патека во Охрид, 47-годишно лице од с.Коњско, охридско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубилo контрола и со мотоциклот падналo на патеката.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишна сопатничка од с.Коњско, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews