Во Загреб се одржа масовен протест на кој граѓаните побараа укинување на ковид сертификатите за вакцинален статус и епидемиолошките мерки за превенција од ковид-19. Во хрватската престолнина, според медиумите, протестираа околу 15.000 луѓе кои побараа укинување на задолжителните ковид сертификати кои во Хрватска се задолжителни во здравствениот сектор и во јавните и државните институции.

Полицијата на Загреб денес одржа прес-конференција за вчерашниот непријавен масовен протест. Како што истакна началникот на Загребската полиција, Давор Посиловиќ протестот не бил пријавен, а на истиот физички и вербално биле нападнати новинари. Посиловиќ истакна дека интензивно се преземаат мерки за да се расчистат случувањата на протестите.

Можеме да потврдиме дека имало вербален и физички напад врз еден медиумски работник. Воедно преземени се сите мерки и дејствија за расветлување на сите околности на настанот. Вчера најавивме дека целиот собир ќе се снима, а ние ќе ги  користиме снимките од градските камери, рече тој.

Демонстрантите беа на две локации, на плоштадот на Француската Република и на плоштадот на жртвите на фашизмот. Од овие места се упатија кон плоштадот Бан Јелачиќ, кој е централно место на протестот, каде се одржаа говори.

Посиловиќ истакна дека полицијата по правило не дава податоци за бројот на граѓани особено кога не е познат организаторот, но протестирале неколку илјади граѓани и не сите биле од Загреб.

 

OhridNews