Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба кој се сомничи дека за нападот што вчера утрото се случи просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид, нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела, информира Јавното обвинителство.
Откако влегол во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа. Продолжувајќи кон дворот на противпожарната служба, осомниченото лице се сретнало со друг колега кого исто така го нападнал со удари. Од силината на ударите вториот оштетен паднал на снегот, по што сторителот упорно продолжил со клоци да му нанесува повреди по телото. По тоа, осомничениот избегал од местото на настанот. Подоцна се јавил и на службениот телефонски број 193 и им се заканувал на колегите со што ја загрозил нивната сигурност.
Основно јавно обвинителство Охрид

Јавниот обвинител цени дека постојат опасности осомниченото лице да го повтори кривичното дело, да се даде во бегство и да влијае врз сведоците, поради што до судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави и Предлог за определување на мерката притвор.
OhridNews
Се бара вработениот од Противпожарната служба кој повреди колега
Обновено: Нов инцидент во охридската Противпожарна служба-повреден пожарникар












