На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишно лице од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews