На 10.10.2022 во 16.25 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Трајче Дојчиноски“ во Охрид, при спроведување доводен кабел за електрична енергија во куќа сопственост на 40 годишно лице од Охрид, настанал пожар во кој со повреди се здобило 43 годишно лице од Охрид.

Тој е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица и го изгасила пожарот, а увид на местото извршиле вешто лице и полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

OhridNews