Сообраќајна незгода се случила вчера попладне во близина на село Опеница, охридско. Во несреќата едно малолетно лице се здобило со тешки телесни повреди.
На 13.08.2021 година во 15,30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на охридското село Опеница, случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(28) од Битола, излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 14 годишна малолетничка од Битола која, по дадената медицинска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштена на домашно лекување, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
Увид на местото на настанот извршиле полициски екипи.
ОhridNews












