Серија повреди го нарушија ритамот на охридските Колибри кои го претпреа третиот пораз во низа. Охриѓани во 11 рунда, последна од првиот круг на домашен терен ја пречекуваат екипата на Бест од Гевгелија.

Малер не бие со повредите.Никако да се консолидираме , поради повреди недостигаа Грујоски, Голабоски и Лихванцев, а сега и настапите на  Наумоски и Танески се под знак прашалник – вели Балазоска Весна, тренерот на Колибри,

Охридските гости се наоѓаат на долниот дел на табелата, и без разлика на тоа кој ќе настапи се очекуваат нови бодови и прекин на негативната низа.

Било кој да настапи ќе го даде максимумот,  мислам дека време е да ја прекинеме оваа серија – смета Балазоска.

Натпреварот Колибри – Бест се игра в сабота од 13 часот.

М.П.