На натпреварот со “фуријата“ со повреда се здоби капитенот Кирил Лазаров, кој ја напушти играта во 20-та минута и не се врати повеќе на теренот.
На средината од вториот дел поради повреда на коленото Филип Миркуловски замина со репрезентативниот доктор во соблекувалните, а капак на се беше повредата на Недановски при еден контра напад во финишот на мечот.
Кога на ова ќе се додаде и ситната повреда на столбот од одбраната Велко Маркоски селекторот Обвран е пред сериозни проблеми во пресрет на дуелот со Шпанија во Гвадалхара.
Натпреварот против Шпанија се игра в недела, а на првиот дуел во Скопје, Светскиот првак не прегази со 24-17.