Уште една седмица преостанува до стартот на европскиот собир на ракометниот крем во Данска. Но, вестите за организаторите пред почетокот воопшто не се радосни откако поради повреди собирот ќе го пропуштат повеќе ракометари.

Селекторот на Македонија, Ивица Обрван има најголеми проблеми бидејќи покрај Мојсовски неможе да смета на Филип Лазаров, а Дејан Пецаковски ќе биде во трка со времето за санирање на повредата.
Целосниот список со ракометари кои ќе го пропуштат Европското првенство во Данска : Бертранд Жил и Хавиер Бараше (Франција), Ласло Наѓ (Унгарија), Алексеј Растворцев (Русија), Арпад Штербик, Алекс Душебаев (Шпанија), Ким Андерсон (Шведска), Александар Петерсон и Олафур Густафсон (Исланд), Ненад Вучковиќ и Жарко Шешум (Србија), Драшко Мрваљевиќ и Жарко Марковиќ (Црна Гора), Стефан Хундструп, Николај Маркусен и Размус Лауге Шмид (Данска) и Томаш Росински (Полска).
Извор „Нова Македонија“
Мх.П.










