На мастерс турнирот во Пекинг, главни ѕвезди ќе бидат Енди Мареј и Рафаел Надал, откако најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ го откажа учеството.
Српскиот тенисер на турнирот на кој има победено шест пати нема да настапи поради повредата на лактото. Оваа повреда е една неколкуте кои го мачат Ѓоковиќ во последните два месеци.
– Многу сум тажен што оваа година нема да можам да се натпреварувам во Кина. Опоравувањето од повредите се уште трае, а новост што е имам болки и во лактото. Се додека не се излечам целосно не планирам да се вратам на терените, бидејќи не сакам да ги разочарам моите навивачи. – рече Ѓоковиќ.
Повредите и откажувањата последниот период од турнирите, Ѓоковиќ, губење на предноста на АТП листата во однос на второпласираниот Енди Мареј.
Британецот ако победи на турнирите во Пекинг, Шангај и Виена има можност да се изедначи со Ѓоковиќ кој на првата позиција се наоѓа од јули 2014 година.
OhridNews