Учениците при ОУ “Христо Узунов” Охрид од осмите одделенија со својот ментор, наставничката по физика Вера Андреска Зороска направија мали проекти за електричната енергија и човекот. Тие вчера беа презентирани пред родителите, соучениците и наставниците.

Струја, нешто без кое неможе ова денешно секодневие. Каков би бил денешниот човек, со сите овие околности, без струја??? Би  можеле ли да замилисте? Без часовите на телевизор, комјутер, без апаратите, машините на кои им е потребна електрична енергија?

Тогаш светот би бил нем ??   
    
Но, иако сме ”зависни” од неа, дали знаеме се за неа?

Одговор на сите овие прашања побараа  младите физичари побараа кои спроведоа истражувања и анкети, а добиените резултати јавно ги презентираа.

 
 

Задоволство од сработеното извираше од искрените очи на младите ученици,
кои како вистински професионалци ја сработија одлично својата задача. 
Громогласните аплаузи беа најдобра награда за вложениот труд.

„Да си докажеме дека сите ние сме зависи од електричната енергија“ – беше мотото со кое младите физичари тргнаа во истражувања, а тоа и го докажаа.

OhridNews