Грчките гранични служби денеска во 06 часот ќе стапат во штрајк, кој според најавите што ги добило македонското министерство за внатрешни работи ќе трае до 21-ви октомврi.
Во тој период граничните премини со соседна Грција ќе бидат затворени за сообраќај.
Штрајкот на граничните служби е реакција на владината програма за справување со финансиската криза во Грција, но поради затворањето на преминит штети трпат економиите на соседните земји.
Министерот за финансии на Република Македонија, Зоран Ставрески, деновиве во Охрид изјави дека кризата во Еврозоната негативно влијае на помалите економии и побара од европските политичари да преземат мерки за надmинување на неповолната состојба












