Попладнево околу 14 часот повторно се запали струшката депонија. Густите облаци полни со токсичен чад кои се издигаат над струшко поле, се видливи дури од Охрид.
Екипи на противпожарната единица од Струга, потпомогнати од механизација од јавните претпријатија и фирми се обидуваат да го изгаснат пожарот на депонијата.
Засега не се знае дали причина за пожарот е топлото време или друг фактор, но надлежните се сомневаат дека пожарот можеби е подметнат и покрај тоа што местото од неодамна е обезбедено со камери.
Од струшката противпожарна единица апелираат да се изнајде решение за проблемот, посочувајќи дека тој ги надминува нивните капацитети, дотолку повеќе што во летниот период е зголемен бројот на интервенции на пожари на целата територија на општината.
Г.М.














