Речиси без исклучок кога е во прашање струшкиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро, овој период од годината, пламнуваат пожари во реоните со трска која е живеалиште на бројни видови растителен и животински свет и значаен сегмент од езерскиот еко систем.

Во текот на вчерашниот ден пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското Езеро, во близина на село Калишта. Изгоре поголема површина трска.

Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. – соопшти полицијата.

Во најголем дел од ваквите случаи, причина за опожарувањето на трската на Охридското Езеро е човекот. Сторителите во најголем дел од случаите минуваат неказнето. Оттаму јавноста со право го поставува прашањето, кој и зошто ги штити уништувачите на животната средина и најстарото и највредно езеро во овој дел од Европа, со која цел, и што прават надлежните институции и инспекциски служби на локално и централно ниво?

Г.М.