Центар за култура „Григор Прличев“

2021-10-22 20:00 - 2021-10-22 21:30

На репертоарот на охридскиот театар повторно тетарската претстава “Сопружници” – Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска. Љубителите на театарот ќе имаат можност да ја погледнат изведбата на претставата во петок на 22.10.2021 година со почеток во 20.00 часот, во мала сала.

„Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерот Драгана Таневска.

Во претставата играат Гејб – Ивица Цонев, Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи, со ограничен број на публика.

OhridNews