Повторно одложен судскиот процес за убиството на Димитар Матилоски
19.09.17 15:12
Повторениот судски процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски (27), што се случи на дочекот на Нова година во 2016 година што според обвинението го изврши Бојан Угреновиќ (30), од Краљево – Република Србија, што требаше да почне денеска, повторно е одложен. Причина за тоа било непојавувањето на обвинетиот на закажаното рочиште, кој сега се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно законот за кривична постапка, каде по член 123 став 1, кој што се однесува на крично дело убиство, а предвидува казна затвор во траење од најмалку 5 години, истиот може да трае една година. Овој законски рок истече на 27-ми јули.
Судот извести дека обвинетиот бил уредно известен за одржувањето на рочиштето, поради што е издадена наредба до МВР да го обезбеди неговото присуство на новото рочиште закажано за 26-ти септември, бидејќи тој имал пријавено престојувалиште во Скопје.
Ова е четврти пат да биде одложен почетокот на повторениот судски процес откако апелацискиот суд во Битола ја укина првичната одлука на Основниот суд Охрид кој обвинетиот Бојан Угреновиќ во декември минатата година го осуди на казна затвор од 16 години и го врати предметот на повторно судење.
Бојан Угреновиќ првично ја призна вината, но на повторениот судски процес го промени исказот и се изјасни за невин.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45-год...
По ставањето во функција на системот „Безбеден град“ во Охрид на 12 октомври, граѓаните реагираа на начинот на кој функционираат семафорите на улицата „Железничка“ Возачите укажуваа дека светлосна...
Прекин во водоснабдувањето најавуваат во понедленик, 26 октомври, на целата териотрија на Општина Струга од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга Прекинот, велат, ќе биде поради изведување работи за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.