Повторно оштетен виртуелниот споменик на Григор Прличев на плоштадот „Долна Порта“ информираат од СВР Охрид.

На 25.09.2022 година во 23.35 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид. Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

Споменикот беше вандализиран и онеспособен да функционира и минатиот месец по нецели 48 часа од неговото поставување на плоштадот на уметноста „Долна Порта“.

OhridNews