Повторно оштетена урбаната опрема во градскиот парк. Превртени се и уништени клупите најверојатно од страна на млади луѓе кои под дејство на алкохол во вечерните часови вршат уништување на клупите кои се потреба за сите граѓани, велат од ЈП Градски пазар.

Како Јавно претпријатие продолжуваме со акцијата за санирање на оштетените клупи и повторно апелираме да се подигне свеста кај несовесните граѓани кои ги уништуваат јавните добра!, додаваат од претпријатието.

Имено санација на клупите во градскиот парк беше извршена и пред околу десетина дена кога истите беа оштетени од страна на несовесни граѓани.

OhridNews