На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.

Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол“, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба Охридска пастрмка, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов, вели Димоски, ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места долж Охридското езеро.

Минатиот месец на потегот од населба Лагадин до село Пештани и наспроти автокампот „Градиште“ беа пронајдени девет рибарски мрежи со улов од 82 парчиња риби.

OhridNews